Либиската Влада предупредува на „загрозена безбедност на граѓаните“

Од:

Либиската Влада синоќа го обвини Парламентот дека ја загрозува безбедноста на Триполи, бидејќи за своја заштита ангажирал паравоени сили од западниот дел на земјата.

Претседателот на Парламентот Нури Абу Сахмаин ја повика во Триполи групацијата „Централен штит“, откако вооружени приврзаници на одметнатиот генерал Халиф Хафтар  во неделата ја нападнаа парламентарната зграда.

– Владата забележа присуство на силите на „Централниот штит“, кои не се дел од владините сили, изјави министерот за култура Хабиб Ламин.

– Тоа е закана за безбедноста на граѓаните на Триполи. Станува збор за тешка и опасна ситуација, додаде тој.

Од 2011 година и соборувањето на либискиот лидер Моамер Гадафи, Либија се соочува со судри меѓу паравоените групи, како и со се подлабок раздор меѓу Владата и Парламентот, Генералниот национален конгрес.

И самиот Парламент е поделен меѓу исламистите и умерените политичари, како и по регионални и племенски линии, така што е оневозможено одлучувањето и усвојувањето на закони.

Парламентот се уште не го одобрил буџетот, ниту ја потврдил Владата на новиот премиер Ахмед Маитик, назначен по хаотичните избори, кои беа оспорени од голем број пратеници.

Паравоените сили, кои ги повика Абу Сахмаин потекнуваат од западниот град Мисрата, кој важи за силно исламистичко упориште.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски