Либиската Влада на единството ги презеде своите извршни функции

Од:

Либиската Влада на единство, која има поддршка од ОН, денеска ги повика институциите во оваа земја да почнат со трансфер на власта врз Владата на единството и ја повика меѓународната заедница да престане да комуницира со ривалските тела во власта.

Претседателскиот совет минатиот месец ја именуваше Владата на единство, но незиното признавање беше одложено заради тоа што либискиот Парламент, што е сместен на истокот од земјата, не и имаше изгласано доверба, пренесоа британските медиуми.

Советот денеска, меѓутоа, соопшти дека документот за поддршка на новата влада е потпишан од повеќето пратеници во Парламентот, како и другите политички фигури, што и дава „зелено светло за почеток на работата“.

Либија од средината на 2014 година имаше две ривалски администрации, кога признатата влада беше принудена да го напушти Триполи откако здружените милиции, заедно со исламистите, влегоа во престолнината, наведуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски