Либиската крајбрежна стража спаси 906 мигранти во близина на градот Сабрата, изјави денеска портпаролот на крајбрежната стража на Либија Ајуб Касем.
Мигрантите патувале во неколку дрвени и гумени чамци, кога ги пресретнале припадниците на либиската крајбрежна стража.
Стражарите наведоа дека, едниот од гумените чамци бил премногу натоварен и поради тоа постоел голем ризик за кратко време да потоне, додека на друг дрвен чамец настанал дефект на моторот.
– Меѓу мигрантите, од африканска, азиска и арапска националност, имало и 25 деца и 98 жени, наведе Касем.