Либиските безбедносни сили започнаа голема операција против паравоените групи и вооружените екстремисти во источниот град Бенгази.
– Воени единици, поддржани од военото Воздухопловство, ја започнаа операција „Достоинството на Либија“ против екстремистите и криминалните групи во Бенгази, истакна анонимен извор од безбедносните сили.
Според дуг извор, војската води борби со „терористички групи“ во два реони на Бенгази и засега нема информации за евентуалчни жртви.
Началникот на Генералштабот на либиската армија, Абдул Салам Џадала ја повика „армијата и револуционерите да и се спротивстават на секоја вооружена група која се обидува да преземе контрола врз Бенгази со силата на оружјето“.