Либиската армија поврати контрола врз четири касарни во Бенгази

Од:

Командантот на специјалните единици на либиската армија Ванис Бухамада денеска соопшти дека владините сили повратиле контрола над четири касарни во грдот Бенгази, кои досега ги држеа вооружените исламистички групи.

Армијата, поддржана од силите на еден одметнатиот генерал и паравоени единици, започна офанзива против исламистичките групи во вториот по големина либиски град Бенгази, каде во битките во последните две недели загинаа најмалку 210 лица.

Бухамада изјави дека специјалците го контролираат источниот излез од Бангази и четирите касарни, вклучувајќи го и поранешниот штаб на армијата, кој беше преземен од исламистите во текот на август.

Предходно, армијата соопшти дека исламистите се потиснати од регионот околу ареродромот и една од тврдините во Бенгази.

– Армијата засега контролира дури 80 проценти од градот и некои делови кои беа под контрола на (групата) „Ансар Ал Шара“, изјави Бухамада.

САД ја обвинуваат групата инаку „Ансар Ал Шара“ за нападот врз американскиот конзулат во 2012 година, при што беше убиен американскиот амбасадор во Либија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски