Либијците утре избираат нов Парламент

Од:

Во Либија утре се одржуваат парламентарни избори кои ќе бидат судбоносни за нејзината иднина, имајќи ја предвид климата на несигурност и тоталната политичка нестабилност што владеат во државата уште од падот на режимот на Моамер Гадафи.

Властите решија да се одржат изборите за 200 членови на Претставничкиот дом на Националниот конгрес и покрај ескалацијата на насилството, пред се во источните делови на земјата, каде веќе еден месец се водат жестоки борби меѓу исламистички групи и паравоените сили лојални на одметнатиот генерал Халифа Хафта.

На утрешните избори право на глас имаат 1,5 милиони Либијци кои треба да изберат меѓу 1.628 кандидати на 1601 гласачко место кои ќе бидат отворени од 8 до 20 часот.

Со овие избори властите во Триполи сакаат да свртат но страница во историјата на земјата и да изберат нови лидери кои ќе стават крај на политичките поделби меѓу либералите и исламистите и да воспостават ред во земјата која е зафатена од насилство и анархија.

Аналитичарот Салем Солтан сепак не е многу оптимист околу ваквите надежи на властите, проценувајќи дека мнозинството од кандидатите за пратеници „немаат доволен општествен и политички авторитет за да можат да го наметнат своето мислење во Парламенто“, кој, според него, би можел да биде раководен „од луѓе во сенка и различни паравоени и племенски лидери кои своите лични и локални интереси ќе ги наметнуваат пред државните“.

Постои опасност гласањето да биде прекинато или воопшто да не содржи во некои избирачки места во источните делови на земјата кои важат за упоришта на радикалните исламистички групи.

Прелиминарните резултати од изборите треба да бидат објавени на 27 јули, а конечните најдоцна до средината на идниот месец.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски