Либија: Забраната за пристап на странски бродови до либиската зона за потрага и спасување е согласно меѓународните норми

Од:

Либиската военопоморска флота соопшти дека нејзината наредба странски бродови да не навлегуваат во зоната за потрага и спасување на нелегални имигранти е во согласност со меѓународните норми, јави ДПА.

– Сите држави имаат зони за потрага. Одлуката е донесена во согласност со меѓународните норми, изјави портпаролот на либиските военопоморски сили Ајуб Касим, додавајќи дека агенциите на ОН се предупредени.

Германската невладина организација „Си-ај“ соопшти дека времено го стопира спасувањето мигранти во Средоземното Море поради либиските закани и безбедноста на нејзината екипа. Вчера стопирање на спасувачките активности најави и „Лекари без граници“.

Либија предупреди дека ја проширува сопственета зона за потрага и спасување надвор од ограничувањето од 12 милји, кое Италија и други земји го сметаат за граница на либиските територијални води.

Невладина организација соопшти дека либиската крајбрежна стража испукала предупредувачки куршуми минатата недела кон шпански спасувачки чамец, додека тој бил во меѓународните води.

Касим обвини некои невладини организации за врски со трговци со мигранти. Според него трговците добиваат информации од тие организации пред акциите на либиската крајбрежна стража.

Одлуката за создавање зона за потрага и спасување е донесена од властите, лојални на премиерот на либиската Влада на национално единство Фајез ал Сараџ, кој е признат од меѓународната заедница. Таа Влада сепак ја контролира единствено престолнината Триполи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски