Вооружани мажи кои бараат исфрлување на официјалните лица, кои беа дел од режимот на лидерот Моамер Гадафи, денес го опколија министерството за правда во Триполи, каде што веќе три дена трае опсадата на министерството за надворешни работи.
Луѓето бараат министерот и лицата да ги напуштат канцелариите и да го затворат министерството – изјави раководителот на информативната служба при министерството, Валид Бен Рабха.
Неидентификувани и вооружени мажи, во триесетина автомобили во недела го опколија министерството за надворешни работи, пренесе Франс прес.
Пред зградата се поставени транспаренти со кои се бара усвојување на законот кој ќе овозможи да се отпуштат официјални лица од ерата на Гадафи.
Премиерот на Либија, Али Зејдан во недела ја критикуваше опсадата на министерството и ги повика граѓаните да дадат поддршка на владата и да пружат отпор на вооружените лица, кои како што рече сакаат да ја дестабилизираат државата.
Елена Георгиевска