Либиските безбедносни служби соопштија дека синоќа од заседа бил убиен градоначалникот на Мисрата, Мохамед Ештеви од страна на вооружени напаѓачи. Тие пукале во него додека го следеле автомобилот во кој се наоѓал.
Мисрата пристигнал со авион од Турција, а напаѓачите го следеле неговиот автомобил од аеродромот.
Либија се наоѓа во хаос од 2011 година, кога изби бунт и беше соборен лидерот Моамер Гадафи. Сепак, градот Мисрата, кој е најголемо либиско пристаниште, беше релативно мирно место.