Либија објави денеска дека не била известена од САД за операцијата на американски командоси на нејзина територија вчера, кога беше уапсен најверојатно лидер на Ал Каеда.
Во коминике на либиската Влада се вели дека ги следи информациите за „киднапирање либиски граѓанин“ од американските власти. Триполи побарал објаснување за приведувањето на Назих Абдул Хамид ар Рукаи, наречен Абу Анас ал Либи, лидер на Ал Каеда. Тој е наводно вмешан во нападите врз амбасадите на САД во Кенија и Танзанија од 1998 година во кои загинаа над 200 луѓе.
Либиските власти наведуваат дека на либиски граѓани треба да им се суди на територија на државата. Либиецот (49) беше уапсен близу Триполи можно е да биде префрлен во САД каде против него има подигнато обвинение.