Либија му оддаде почит на убиениот амбасадор на САД

Од:

Либија му оддаде почит на церемонија во Триполи на американскиот амбасадор Кристофер Стивенс, кој беше убиен во Бенгази. На церемонијата присуствуваше американскиот заменик-државен секретар Вилијам Барнс.

При нападот во Бенгази освен амбасадорот Стивенс беа убиени уште тројца американски дипломати.  Вратата на оштетениот Конзулат на САД во Бенгази беше украсена со венци, цвеќиња и натписи, со кои се осудува нападот и му се оддава почит на Стивенс.

На церемонијата присуствуваа највисоките претставници на либиските власти и претставници на акредитираните дипломатски мисии во Трипоили.

Барнс пред церемоијата разговараше со либиските лидери, меѓу кои либискиот премиер Мустафа Абу Шагур и претседателот на Парламентот Мохамед Магариф.

Министерот за надворешни работи на Либија Ашур Бин Хајал се извини во името на  Либија за убиството на четворицата Американци и го означи амбасадорот Стивенс како пријател на Либија.

– Либијците и Американците се согласни дека е исклучително важно што е можно поскоро одговорните за оваа ужасна трагедија да бидат изведени пред суд и одлучни сме да работиме заедно за постигнување на таа цел, изјави Барнс.

– Тоа е заедничка загуба, ужасна трагедија. но и потсетување за тоа колку е важно да се потврди одлучноста на САД да го сторат тоа за кое Крис Стивенс вложи толку голем напор – да им помогне на Либијците да го оснознаат значењето на револуцијата и да не дозволат таа да биде искористена од екстремисти, нагласи Барнс.

Претставник на либиското Министерство за надворешни работи истакна дека Барнс и министерот за надворешни работи Бин Хајал разговарале се учеството на САД во истрагата за убиството на четворицата американски дипломати, како и за економската соработка и соработката во сферата на безбедноста.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски