Либиската изборна комисија ги закажа за 25 јуни изборите за нов Парламент на земјата, кој ќе го замени Генералниот национален конгрес.
Генералниот национален конгрес е највисоката политичка и законодавна инстанца во Либија.
Институцијата, која е силно оспорувана, е обвинувана дека придонела за анархијата во која се наоѓа земјата.