Либија ја одбележува втората годишнина од востанието со кое беше соборен Гадафи

Од:

Под засилени мерки за безбедност Либија ја одбележува втората годишнина од почетокот на бунтот, што од власта го собори Моамер Гадафи, пренесе ДПА.

Од безбедносни причини границата на Либија со Египет и Тунис се привремено затворени.

Организации и групи, кои и се противат на владата, денеска ги повикаа Либијците да протестираат против нејзината неспособност Либија да ја претвори во безбедна земја.

Министерот за одбрана Мохамед ал Баргаси во интервју денеска објасни дека од почетокот на востанието во земјата биле убиени над 30.00 лица.

Во истиот период како исчезнати се водат околу 22.000 лица.

Во Либија се уште има непријателства меѓу милициите.

Минатиот месец Велика Британија, Германија, Холандија и ОН ги предупредија граѓаните и своите службеници да не патуваат до Либија заради безбедносните проблеми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски