Либија ја доби првата министерка за одбрана

Од:

Протестите во Либан продолжија и покрај најавата на новиот премиер Хасан Диаб дека е формирана влада со 20 министри, по еден месец политички застој.

Во владата има шест жени, а за првпат министерка за одбрана – Зеина Акар.

Како што пренесуваат светските агенции, новата влада треба да ја спаси разнишаната економија.
Диаб (61), поранешен министер за образование и професор на Американскиот универзитет во Бејрут, кој има поддршка од моќното шиитско движење Хезболах, синоќа соопшти дека Либан сега има влада.

Тој нагласи дека владата е составена од технократи и дека ќе се стреми да ги исполни барањата на демонстрантите.

Новата влада има непознати луѓе, многу професори и поранешни советници, но демонстрантите тврдат дека тие само претставуваат „димна завеса“ за досегашната политичка елита.

Групи демонстранти се собраа на улиците на Бејрут уште пред да се објави дека владата е формирана, блокирајќи ја главната улица во центарот на градот, при што десетици луѓе беа повредени во судирите со полицијата. паг/

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски