Либија го обвини Судан дека ги поддржува терористичките групи на либиска територија и го повика суданското воено атеше да ја напушти земјата.
Триполи соопшти дека судански воен транспортен авион, што летал кон меѓународниот аеродром во Триполи, контролиран од бунтовнички вооружени групи, навлегол во либанскиот воздушен простор.
Суданскиот авион слетал во либиската пустинска оаза Куфра во близина на границата на Либија и Судан. На аеродромот авионот бил проверен и во него е откриена муниција.
Либиските власти објавија дека не му била издадена дозвола на суданскиот авион да влезе во воздушниот простор на земјата и дека тоа претставува кршење на нејзиниот територијален суверенитет. Освен тоа, товарот не бил официјално одобрен од либиските власти.