Либија – една година по смртта на Гадафи

Од:

Денеска се навршува една година од смртта на либискиот водач Моамер Гадафи. Пред да биде убиен, тој со месеци се криеше од бунтовниците, порачувајќи дека никогаш нема да се предаде.

На 20-ти октомври 2011-та година, Гадафи со неколку телохранители, во придружба на 60 возила, од Сирт тргна кон запад, но не стигнаа далеку. Француските авиони започнаа со напад на Гадафи од самото утро.

Тешко ранетиот Гадафи бунтовниците го влечеле по улиците. Сведоци велат дека бил жестоко тепан, а потоа и убиен.

Закопан е на тајна локација, пред четири сведока.

По смртта на Моамер Гадафи, во Либија и понатаму владее несигурноста. Единствена власт која либиските бунтовници ја признаваат е онаа на Мустафа Мохамед Абуд ал-Џелаил, а премиер на преодната власт е Махмуд Џебрил.

Политичката но и општата сигурност во Либија кулминираше со нападот врз американската амбасада во Бенгази и убиството на американскиот амбасадор Стивенс.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски