Либија: Џихадисти им ги отсекле главите и распнале 12 лица во Сирт

Од:

Џихадисти од Исламска држава за време на битката за либиското пристаниште Сирт, им ги отсекле главите и распнале на крст 12 лица, јави либиската новинска агенција ЛАНА.

Борбата за контрола врз Сирт, родното место на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, се разгоре од вторникот, а еден од најистакнатите либиски дипломати предупредува дека во тој град би можело да се случи масакр.

Агенцијата објави дека 12 убиени лица биле локални борци кои се бореле против Исламска држава во источното предградие на Сирт.

Либиската новинска агенција наведува дека џихадистите погубиле уште 22 жители на Сирт, кои се бореле против ИД, а кои лежеле повредени во лојална болница. По убиствата на борците, џихадистите исто така ја запалиле болницата.

Амбасадорот на Либија во Франција Чибани Абухамуд изјави дека во борбите во Сирт досега загинале меѓу 150 и 200 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски