Непознати сторители минатата недела детонирале еден од поголемите суфитски споменици во главниот град Триполи.
Ова е прв напад од ваков вид од минатата година кога ултраконзервативни исламисти, исто така, нападнаа неколку слични светилишта и џамии. По падот на власта на Моамер Гадафи во 2011 исламистите нападнаа десетина суфитски храмови, често без никаква реакција од локалната полиција.
Актуелниот напад се случил во четвртокот, детониран е мавзолејот Сиди Ал-Андлуси во предградието на Триполи, Тајоура. Мавзолејот датира од 15 век и беше со закон заштитени како национален споменик.
“Тоа беше бомбашки напад. Вратата и прозорците се искршени, внатрешноста изгорена”, изјави еден од жителите, кој сакаше да остане анонимен. “Сите се многу тажни поради овој настан”, рече тој.