Либерија ќе ги кремира телата на починатите од ебола

Од:

Либериската Влада денеска нареди телата на лицата починати од ебола да бидат кремирани, бидеќи постои голема опасност смртоносната болест да се прошири доколку телата бидат погребани во населените области.

Министерот за информирање на Либерија, Луис Браун преку државното радио денеска соопшти дека властите ќе ги кремираат посмртните останки на луѓето кои починале од смртоносниот вирус.

Владата донесе ваква одлука откако изминатиот викенд дојде до протести кога здравствени работници се обиделе да погребаат повеќе од 20 жртви на еболата на гробиштата во главниот град Манровија. За воспоставување ред и за да може да се извршат погребите, била ангажирана и полицијата.

Западна Африка минува низ најголемата епидемија на ебола досега, со најмалку 729 починати лица.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски