Либанскиот претседател ја повика Саудиска Арабија да објасни зошто Харири не може да се врати во земјата

Од:

Саудиска Арабија треба да објасни зошто либанскиот премиер Сад Харири не може да се врати назад во земјата по давањето на оставка, повика претседателот на Либан, Мишел Аун.

Тој кажал дека Либан нема да прифати нивниот премиер да биде во ситуација која што е спротивна на меѓуанародните договори и било каков чекор или изјава од Харири дадена додека неговиот статус е нејасен не ја одразува реалноста.

Аун на дел од странските амбасадори во Либан им рекол дека Харири е киднапиран од Саудиска Арабија.

Либанските власти веруваат дека премиерот Харири е задржан во Ријад против своја волја, а на такво мислење е и францускиот претседател Емануел Макрон, кој што посочил дека либанските политичари треба да имаат слобода на движење.

Од друга страна, Саудиска Арабија тврди дека тие не го држат Харири и за неговата оставка го обвинуваат Хезболах, кој што станал доминантен во либанската владина коалиција.

Според извори блиски до Харири, на либанскиот премиер му бил одземен мобилниот телефон и бил принуден да поднесе оставка појавувајќи се на саудиска телевизија.

Сајед Хасан Нусралах, лидерот на Хезболах, вчера имаше изјава дека Саудиска Арабија објавила војна на Либан и дека се обидуваат да ја дестаблизираат земјата.

Би можело да ве интересира

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел истрела ракети кон центарот на Бејрут, четворица загинати и 18 ранети

А1он

Израелските сили навлегоа најдлабоко на територијата на Либан од почетокот на копнената операција

Нов израелски напад врз Либан, се зголемува бројот на загинатите