Либански авион принудно слета во Рим поради лажна закана за бомба

Од:

Либански патнички авион беше принуден да слета вонредно денеска на аеродромот Рим-Фиумичино, откако тревога за бомба, која се покажа за лажна, предизвика нарушување во воздушниот сообраќај на најголемиот римски аеродром.

Авионот „Ербас-320“ на „Мидл ист ерлајнс“, извршуваше лет од Женева за Бејрут, кога од Швајцарија бил даден сигналот за тревога, откако багажот, кој не припаѓал на ниту еден од патниците, бил откриен во авионот.

Кога авионот бил веќе во воздушниот простор на Италија, два италијански ловци го придружиле до римскиот аеродром.

Вмешувањето на двата италијански воени авиони предизвикала тревога кај населението во околината на Рим, бидејќи двете летала ја пробиле звучната бариера, за да можат побрзо да го стигнат либанскиот авион.

Тој бил приземјен на резервната писта и патниците биле симнати, за да биде извршена проверка од деминери, кои не откриле никакво експлозивно средство.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан