Либанските безбедносни сили фрлија солзавец за да ги растераат демонстрантите во центарот на Бејрут, кои протестираа во врска со именувањето нов премиер, поддржан од шиитското движење Хезболах.
Демонстрантите фрлаа камења и факли кон либанските војници, на кои безбедносните сили реагираа со солзавец, изјавија очевидци.
За премиер на Либан во четвртокот е именуван Хасан Диаб, поранешен министер.