Либанската армија уби петмина екстремисти во близина на сириската граница

Од:

Петмина екстремисти загинаа при судир со либанската армија во пограничната зона со Сирија, соопштија извори на либанските безбедносни сили.

Ова е втор ваков судир за помалку од една недела.

Загинатите се идентификувани како членови на движењето „Џебхат ан Нусра“, поврзано со Ал Каеда, кое е едно од најрадикалните исламистички групи кои се борат против сириските владини сили.

Според соопштението на воената команда, еден од убиените екстремисти бил Сириец.

Би можело да ве интересира

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда