Либан почна да го ограничува протокот на Сиријци на својата граница, поради тешкотиите за справување со се поголемиот број на баратели на азил, кои бегаат поради граѓанската војна во соседна Сирија.
Согласно невидените рестриктивни мерки, кои стапуваат во сила од денеска, се воведуваат нови категории кај влезните визи за Сиријци и драстично намалување на нивното времетраење и правото на престој во Либан.
Според либанските власти новите ограничувања се неопходни, бидејќи земјата едноставно не може да прими повеќе бегалци. Според нивни проценки во Либан има околу 1,5 милиони Сиријци, што е речиси една четвртина од вкупното население на земјата.
Новите мерки, објавени на сајтот на локалната служба за безбедност, не предвидува промени за лицата, кои бараат азил. Според претставник на силите за безбедност, итните случаи од хуманитарен карактер ќе може да влегуваат во земјата и понатаму.