Либан: Две лица загинаа во конфликтот меѓу Хезболах и христијаните од градот Кахале

Од:

Две лица загинаа во денешните судири меѓу членовите на либанската шиитска, проиранска вооружена група Хезболах и христијаните од градот Кахале.

Судирот избувнал кога жителите на Кахале опколиле сомнителен превртен камион, потврдија за Ројтерс два безбедносни извори, велејќи дека возилото се превртело на удолнина.

Еден од безбедносните извори изјави дека камионот е на Хезболах и дека еден од загинатите е член на таа група, додека другиот е христијанин од Кахале.

Либанските радиодифузери Ал-Џадиди и МТВ Либан емитуваа снимка на која се гледаат мажи во цивилна облека како пукаат од пушки на улица.

Подоцна беше емитувана снимка на која се гледаат силите на либанската армија распоредени околу превртениот камион, додека дрвените гајби што ги превезуваше тоа возило се извлекуваат со кран.

Би можело да ве интересира

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

ВИДЕО: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, погодени два града во јужен Либан

Катерина Ѓуровски

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел уби најмалку 11 лица во Либан