Левин: Време е за анектирање на Западниот Брег

Од:

Израелскиот министер за правда Јарив Левин денес, за време на состанокот со водачот на еврејските доселеници и раководител на Регионалниот совет на Самарија, Јоси Даган, изјави дека е време за анектирање на Западниот Брег.

„Мислам дека овој период, покрај актуелните прашања, е историска можност што не смееме да ја пропуштиме. Дојде време за суверенитет, време за спроведување на суверенитетот. Мојот став по ова прашање е цврст и јасен“, рече Левин во врска со анексијата на Западниот Брег, објавува „Тајмс оф Израел“.

Израел го зазеде Западниот Брег во 1967 година за време на Шестдневната војна, но никогаш формално не го анектираше, иако јасно ги изрази своите аспирации да го стори тоа во 2020 година.

Иако Израел се откажа од идејата во замена за нормализирање на односите со Обединетите Арапски Емирати, Левин денес изјави дека прашањето мора да биде „на врвот на листата со приоритети“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем ракетен напад на Иран врз Израел

Кац: Ќе го окупираме јужен Либан и ќе ги срушиме сите куќи во селата

Горан Наумовски

Израел: „Моделот на Газа“ за Либан

Израел го нападна Бејрут, загинаа најмалку седум лица

Гвир: Напишавме историја, нема да ја слушаме ЕУ

Горан Наумовски

ВИДЕО: Жесток американско-израелски напад врз Исфахан

Катерина Ѓуровски