Уништувањето на тропските шуми, сечењето на дрвјата и ловокрадството го доведоа до работ на егзистенцијата мадагаскарскиот лемур, односно од 103 – те познати видови на овие животни, загрозени се повеќе 90%.
Според истражувањето 23 видови се сметаат за „речиси исчезнати“, 52 „загрозени“, а само 18 наскоро ќе бидат во критичната фаза.
За ова најголем виновник според научниците е сиромаштијата и политичката нестабилност, односно зголемувањето на ловот и уништувањето на шумите значајно влијаеше врз истребувањето.
Најранливи во моментот се „индирите“, кои се моногамни видови во Мадагаскар и за нив се верува дека се антички „човечки браќа”, односно единствени од својот вид кои имаат сини очи.
Од лемурскиот вид „септентионалис“ останати се само 18 примероци.