Лекарите во Франција почнаа со штрајк

Од:

Лекарите во Франција почнаа денеска штрајк поради преложениот закон за здравство.

Три синдикати повикаа на штрајк на лекарите од општа пракса поради одредени одредби од законот со кој фармацевтите ќе може да вакцинираат пациенти што досега беше исклучително во надлежност на лекарите.

Со законот се гради систем каде на пациентите нема ретроактивно да им биде надоместен паричен износ за посета на лекар туку здравственото осигурување директно ќе плаќа на лекарите што би можело да предизвика одлагање при исплатата.

Според Клод Лејшер, шеф на синдикатот МГ, се очекува меѓу 80 и 100 отсто лекари да не работат поради штрајк.

Вториот влијателен синдикат на лекари и специјалисти ЦСФМ, ги повика своите членови од утре до 31 декември да штрајкуваат. Штрајк планираа и вработените во ургентните центри со барање за подобро плаќање на нивната прекувремена работа и помалку работни часови, но се откажаа по успешни преговори со Владата.

Би можело да ве интересира

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот