Лекар вработен во Обединетите нации кој се заразил со ебола додека работел во Либерија, почина на клиника во германскио град Лајпциг во која се лекувал.
– Пациент заразен со ебола почина ноќеска на клиниката Св. Георг во Лајпциг. И покрај интензивните мерки за лекување и максималните напори на лекарите и медицинскиот персонал, 56-годишниот работник на ОН и подлегна на смртоносната болест, се вели во соопштение од Клиниката.
Починатиот лекар чиј идентитет не е откриен стигнал во Германија минатата недека и е трет заболен од ебола кој се лекувал во таа држава.