Легалното продавање на канабисот може да и донесе на Франција 1,8 милјарди евра приходи

Од:

Евентуалната легализација на канабисот –марихуната, во рамките на јавен монопол, може да и донесе на француската држава 1,8 милјради приходи, се вели во студијата на групата „Тера Нова“, јавува дописникот на МИА од Париз.

Дебатата за легалната консумација на канабисот не е нова, и се отвора речиси на секои две години, но во меѓувреме некои експерименти со легализацијата успеаа, како тие во Колорадо (САД). Сега се поставува прашањето од друг агол – потребно е да се легализира канабисот за да се собере финансискиот профит, кој сега оди во паралелната –подземна економија.

Групата за размислување „Тера Нова“, која важи за блиска до владејачките социјалисти, оди во насока дека е потребно да се легализира канабисот.

Заклучоците на специјалистите се исти како и при претходниот извештај од 2011 година, односно дека актуелната политика која се води во Франција за борба против канабисот е неуспешна.

Специјалистите замислија три можни сценарија со цел да се надополнат пропустите на системот: депенализација, легализација во рамките на јавен монопол и легализација во конкурентска рамка.

Втората можност е таа која ја посакуваат изработувачите на студијата, бидејќи со тоа државната каса би се наполнла со 1,8 милијарди евра од продажбата на канабисот.

Според проценките, во Франција има околу 500.000 секојдневни пушачи на канабис. Истовремено за борбата протоив канабисот годишно се трошат 568 милиони евра.

Треба да се знае дека специјалистите за борба против зависноста од наркотици е на мислење дека канабисот е исто толку опасна дрога, како и другите така наречени „посилни дроги“ за здравјето на редовните потрошувачи.

Би можело да ве интересира

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот