Ле Мер: Сите опции се на маса за заштита од коронавирусот

Од:

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска изјави дека здравствената состојба во државата се влошува во време на третиот бран на пандемија на коронавирусот и „сите опции се на маса“ за јавна заштита.

Ле Мер изјави дека Франција треба да избегнува да донесува построги мерки за ограничување и да исклучи промена во списокот на продавници и бизниси на кои им е дозволено да останат отворени.

– Овој список нема да се промени. Не е во интерес на земјата да испрати сигнал дека ќе отвориме некои бизниси додека ситуацијата се влошува, рече Ле Мер.

Ограничувања има во 19 високоризични зони, вклучително и Париз, а продавниците на кои им е дозволено да останат отворени се оние што продаваат храна, книги, цвеќиња и чоколада, како и фризерниците.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата