Ле Дриан: За Франција нормандискиот формат е важен за изнаоѓање мирно решение

Од:

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан денеска изјави дека Париз не го отфрла нормандискиот формат за решавање на украинската криза и дека тој се уште постои.

Според него, „овој формат е важен за промовирање на мирно решение“ на украинската криза, пренесе ТАСС.

– Просторот за дискусија треба да остане отворен, рече Ле Дриан на прес-конференција во Берлин.

Првите преговори на Нормандиската четворка (Русија, Германија, Франција и Украина) се одржаа во Франција во јуни 2014 година на маргините на 70-годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија. Тогаш по првпат се сретнаа германската канцеларка Ангела Меркел и претседателите на Русија, Франција и Украина, Владимир Путин, Франсоа Оланд и Петро Порошенко за да најдат решение за конфликтот во Донбас. Оттогаш се одржани пет самити. Последниот самит се одржа во Париз на 9 декември 2019 година.

Украина во повеќе наврати апелира да се одржи самит во нормандиски стил.

– Принципите се формирани во Договорот од Минск, а патот до нив е низ нормандискиот формат, рече шефот на француската дипломатија, нагласувајќи дека таквата платформа е неопходна за дијалог.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина