Ле Дриан: Француските државјани да го избегнуваат африканскиот регион Сахел

Од:

Францускиот министер за надворешни работи, Жан Ив Ле Дриан, ги предупреди сограѓаните да не патуваат во африканскиот регион Сахел, нагласувајќи дека џихадистите се повеќе се подвижни во регионот.

– Треба да се има најголема претпазливост во овие области за да се спречат киднапирања и да се избегне жртвувања на нашите војници, наведе Ле Дриан во интервјуто за Радио Европа 1.

Двајца француски војници вчера беа убиени за време на операцијата за спасување на четворица заложници во африканскиот регион Сахел. Двајца француски туристи беа киднапирани на 1 мај за време на сафари во Бенин, а нивниот локален водич беше пронајден мртов. Патрик Пик и Лорен Ласимулас беа киднапирани во северниот дел на Бенин и однесен во соседна Буркина Фасо со цел да бидат префрлени во Мали.

– Сите оние кои сакаат да патуваат во овие земји треба претходно да се информираат за состојбата, што редовно се обновува од страна на Министерството за надворешни работи и укажуваат на безбедно области, оние со низок ризик и оние со висок ризик, посочи Ле Дриан.

Француското Министерство за надворешни работи на својата интернет страница им препорачува на туристите да го избегнуваат северен дел од Бенин, границата со Буркина Фасо и Нигер поради присуството на терористички вооружени групи и зголемен ризик од киднапирање“.

Џихадистичките напади, првично концентрирани во северниот дел на Мали, се проширија во центарот на земјата, а потоа во Буркина Фасо и сега се закануваат и на крајбрежните подрачја на Гвинејскиот Залив, кои досега беа поштедени.

– Заканата ја промени формата, таа стана многу повеќе мобилна и сега се движи кон земјите јужно од Мали, посебно во Буркина Фасо, како и во северниот дел на Бенин, истакна шефот на француската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз