Лажен леток во Лос Анџелес предупредува да се избегнуваат американско-азиски фирми

Од:

Леток во областа Карсон во Лос Анџелес, на кој се наоѓа и лажен печат од Светската здравствена организација ги предупредува граѓаните да ги избегнуваат азиско-американските компании, како Панда Експрес поради вирусот Ковид-19.

Средношколец од Лос Анџелес со потекло од Азија бил претепан од неговите соученици и однесен во болница бидејќи тврделе дека има коронавирус.

Повеќе од 14.000 луѓе потпишаа петиција на која бараат затворање на училиште во областа Алхамбра поради Ковид-19, иако е регистриран само еден случај во областа на Лос Анџелес каде живеат 10,1 милиони жители.

Нападите и малтретирањето на Американците со азиско потекло предизвикани од стравот дека се поврзани со коронавирусот кој е откриен во Кина, пријавени се од Њујорк до Ново Мексико.

Робин Том, шеф на Комисијата за човекови права истакна дека дискриминацијата може дополнително да се влоши со оглед на тоа дека постои можност вирусот да се прошири во американските заедници во наредните недели и месеци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски