Лазарини: Израел ќе им дозволи на странски новинари влез во Газа

Од:

Шефот на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA), Филип Лазарини, денес го повика Израел да им дозволи пристап на меѓународните новинари во Газа, велејќи дека забраната за медиуми е забрана за вистината.

„Ова е без преседан во кој било друг конфликт во модерната историја. Тоа е забрана за вистината. Тоа е забрана за известување за факти. Тоа е совршен рецепт за поттикнување дезинформации, продлабочување на поларизацијата и дехуманизацијата“, изјави Лазарини за мрежата X.

Тој потсети дека израелските власти им забранија на меѓународните новинари да влезат во Газа кога започна војната пред 20 месеци, нагласувајќи дека е потребно овие новинари да им обезбедат помош на палестинските колеги на терен, „кои херојски ја вршат својата работа по висока цена“.

Би можело да ве интересира

Масовен напад од ирански беспилотни летала врз американската база во Кувајт

Трамп му постави ултиматум на Иран: „Само безусловно предавање“

(ВИДЕО) Бејрут повторно „гори“: Израел изврши 26 воздушни напади врз локации поврзани со Хезболах

Хезболах најавува одмазда: Израелците да ги напуштат градовите во близина на границата

Иран: Ракетите „Хајбер“ ја пробија одбраната на Израел

Израел: Во тек е нов бран напади врз Иран