Лавров: Зеленски нема да одлучува за преговорите

Од:

Володимир Зеленски нема да одлучува за прашањето за водење преговори со Русија за решавање на конфликтот во Украина, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

„Рускиот претседател Владимир Путин повеќепати кажа дека никогаш не сме одбиле преговори. Јасно е дека Зеленски нема да одлучува за ова. Не канат на преговори и се обидуваат да извртат сè – велат дека Украина, наводно, сака преговори, а Русија одбива. Путин многупати рекол – Зеленски барем нека го откаже указот од пред две години со кој се забранува водење преговори со Путин“, изјави Лавров во интервју со новинарката Марина Ким за проектот „Нов свет“, пренесува Спутник.

Русија е отворена за контакти со САД предводени од администрацијата на Доналд Трамп, рече Лавров.

„Претседателот Путин на седницата на меѓународниот клуб „Валдаи“ рече дека секогаш е подготвен за разговор. Но, ние не го ни прекинавме – топката беше на другата страна“, истакна тој.

Како што додаде, Русија нема никакви очекувања од новата американска администрација, но ќе ги оцени нејзините конкретни потези.

Би можело да ве интересира

Вучиќ откри со кој потег Зеленски го изнервира Трамп неколку дена претходно

(ВИДЕО) Трамп се изнервира уште при пречекот на Зеленски

А1он

(ВИДЕО) Врв на ароганцијата, Зеленски пцуе пред Трамп

А1он

Реакции на европските лидери по средбата Трамп-Зеленски: Украина не е сама

А1он

Руски медиуми: На Зеленски не му бега Гвантанамо

А1он

Зеленски: Не направивме ништо лошо, не му должам извинување на Трамп

А1он