Лавров: Западот неправилно ја обвинува Русија за Украина

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, го критикуваше денеска западот, дека постојано се обидува да ја обвинува Русија за кризата во Источна Украина и рече дека Москва не е изолирана во врска со конфликтот.

Лавров повторно го повика Киев да води директни преговори со проруските бунтовници во Источна Украина. Тој рече дека е бесмислено да се бараат начини за уредување на конфликтот без учество на сепаратистите.

– Нашите западни колеги, некои од европските земји, најмногу Американците, не претставуваат како главни виновници…тоа не е правилно, рече тој по средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Лавров ги повика западните поддржувачи на Киев, вклучувајќи ги Франција и Германија, да извршат притисок врз Украина да изврши уставна реформа, која според Москва треба да им даде на регионите со руско говорно подрачје поголема автономија.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Рјабков: Тврдењата на Пентагон за руско лансирање антисателитско оружје се лажни