Лавров: Трамп и јас воопшто не зборувавме за Коми

Од:

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави денеска дека со претседателот на САД Доналд Трамп не зборувал за разрешувањето на поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми.

Минатата недела Трамп објави дека го разрешува Коми од функцијата директор на Федералното истражно биро (ФБИ).

– Воопшто не зборувавме на тие теми, нагласи Лавров.

„Њујорк тајмс“ вчера објави дека, Трамп за време на минатонеделната средба со Лавров во Вашингтон навел дека со разрешувањето на Коми „го отстранил големиот притисок“ со кој се соочил во врска со актуелната истрага за врските на членови на неговиот изборен штаб со Русија пред ланските претседателски избори.

Весникот, ваквото тврдење го базира на документ со прибелешки од разговорите, кој наводно на весникот му го доставил „неименуван американски висок претставник“.

– Само што го отпуштив шефот на ФБИ. Беше луд, вистински лудак. Се соочив со голем притисок поради Русија. Тоа сега е отстрането, наводно изјавил Трамп во разговорот со Лавров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Инагурацијата на Трамп преместена на затворено, оди и Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек