Лавров се исмева со новата британска премиерка: Нека одлучи дали Макрон и е пријател или непријател

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја критикуваше новата британска премиерка Лиз Трас за нејзината неподготвеност за компромис. Исто така, Лавров и се потсмеваше на Трас затоа што рече дека не знае дали францускиот претседател Емануел Макрон е нејзин пријател или непријател.

За време на прес-конференција во Москва, Лавров изјави дека пристапот на новата премиерка нема да и помогне на Британија на светската политичка сцена, пренесува Ројтерс.

„Трас се обидува да ги брани британските интереси без да ги земе предвид позициите на другите. И тоа го прави тоа без никаков обид за компромис. Мислам дека ова нема да и помогне на Британија да ја задржи или зајакне својата позиција на меѓународната политичка арена. Велика Британија е јасно потресена по напуштањето на ЕУ“, коментира Лавров.

Лавров за време на говорот ја исмејуваше новата британска премиерка за нејзините неодамнешни изјави за францускиот претседател, чија земја е клучен сојузник на Британија во НАТО. За време на предизборната кампања минатиот месец, Трас коментираше дека сè уште не одлучила дали Макрон е пријател или непријател.

„Приоритет на Лиз Трас треба да биде да се зближи со соседите, што вклучува и одлучување дали Макрон и е пријател. Тоа е прашање што сè уште виси во воздухот“, рече Лавров.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков отворено изјави дека не е задоволен од Лиз Трас како шеф на Велика Британија. Истиот став го делат и руските политичари кои ја најавија нејзината победа бидејќи, како што велат, го осудуваат нејзиниот „антируски однос“.

Лавров коментираше и дека Британија се однесува агресивно поради ситуацијата во Украина.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Лавров: Косово е „територија на целосно беззаконие“

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Песков: Обвинувањата на Америка за употреба на хемиско оружје се целосно неосновани

Москва му се закани на Западот со можна одмазда доколку се обиде да ги заплени руските средства

Песков: Во моментов нема услови за разговори меѓу Русија и Украина