Лавров: САД одбија да преговараат со Москва за операцијата во Сирија

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека САД одбиле да испратат воена делегација во Русија за преговори околу поблиска соработка во борбите во Сирија, предложена од страна на Москва.

Официјален Вашингтон, исто така, одбил и да прими руска делегација, пренесува ТАСС.

– Тоа им го предложивме на Американците, за што вчера пред јавноста зборуваше претседателот Владимир Путин. Побаравме во Москва да испратат делегација од воени експерти, со цел да се постигне договор за серија заеднички чекори, по што бевме подготвени да испратиме во Вашингтон делегација на високо ниво со премиерот Дмитриј Медведев, изјави Лавров пред Долниот дом на рускиот Парламент.

Денеска ни одговорија дека нема да можат да испратат делегација во Москва, ниту да примат делегација во Вашингтон, истакна рускиот министер за надворешни работи. Според него, предлогот бил даден од претседателот Путин за време на неговата посета во Њујорк кон крајот на септември.

Русија нема добиено официјално барање за директна воена поддршка од други држави, освен од Сирија, истакна Лавров. Според рускиот министер, неговите колеги во Ирак и Авганистан, исто така, зборуваат за опасноста од ширење на тероризмот.

– Официјално барање за вклучување на руската воена авијација од други држави не е поднесено. Ако има такви, одлука ќе донесе главниот командант за учество на министерството за одбрана, истакна Лавров,.

Борбата против тероризмот е приоритетна, но треба да се води паралелно со политичко уредување на основата на рамноправен дијалог, истакна Лавров пред руските пратеници.

Би можело да ве интересира

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација