Лавров: САД да се воздржат од употреба на сила во Венецуела

Од:

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров го предупреди американскиот државен секретар, Мајк Помпео дека Русија е против употреба на сила во Венецуела.

Како што соопшти руското Министерство за надворешни работи, Лавров во телефонски разговор со Помпео нагласил дека Русија е против какво било мешање во внатрешните работи на Венецуела, вклучително и употреба на сила „со што се заканува Вашингтон, кршејќи го меѓународното право“.

Двајцата шефови на дипломатии разговарале и за западните санкции воведени кон Русија поради труењето на рускиот разузнувач Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Велика Британија, при што Лаворв нагласил дека ваквиот „неоправдан потег“ од страна на Западот само ги влошува меѓусебните односи и атмосферата на глобалната сцена.

Во соопштението се посочува и дека Лавров и Помпео разговарале и за состојбата во Сирија, при што се согласиле дека е неопходен дијалог за импелемтација на Резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН, која се однесува на напорите за постигнување мир во оваа блискоисточна земја.

Би можело да ве интересира

Москва е среќна со новите политики на САД, Лавров го фали Трамп

Москва го демантира Трамп: Нема да има средба на 25 февруари

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД

Заврши состанокот во Ријад, први реакции: Не е лошо, не е лошо

Катерина Ѓуровски

Во тек е состанокот меѓу САД и Русија во Ријад

Катерина Ѓуровски