Лавров: Русија ќе одговори немилосрдно на заканите

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес предупреди дека Русија ќе „одговори немилосрдно“ ако, како што изјави, „нацистичките сили“ се обидат да се заканат или да го нарушат прославувањето на Денот на победата во Русија.

За време на церемонијата на положување венец во зградата на Министерството за надворешни работи во Москва, Лавров оцени дека современите безбедносни и политички околности во Европа бараат, како што рече, и „идеолошка и практична борба против нацизмот“, објави ТАСС.

Тој предупреди на она што го нарече обиди за „ревидирање на историјата и исходот од Втората светска војна“ и изјави дека во некои европски политички кругови се појавуваат повици за повторување на историските модели кои, според него, се поврзани со нацистичка Германија.

„Знам дека во странство, вклучително и во земји со неповолни услови, се одржуваат настани – Бесмртниот полк во различни формати и други настани кои секоја година го привлекуваат вниманието на земјите домаќини на нашите дипломати кон фактот дека овој подвиг никогаш нема да исчезне од нашето сеќавање. А нацизмот, без разлика во каква форма се прероди, ќе биде поразен“, рече Лавров.

Рускиот министер се осврна и на изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за зајакнување на германските вооружени сили и амбицијата повторно да станат најсилни во Европа, и ги оцени како „зачудувачки“.

Тој, исто така, ги критикуваше „пошироките трендови“ во рамките на Европската Унија и западните структури, тврдејќи дека одредени политики во Брисел поттикнуваат „реваншистички тенденции“ и ги влошуваат односите во Европа.

Зборувајќи за војната во Украина, Лавров го повтори ставот на Москва дека, како што рече, целите се „денацификација“ и отстранување на безбедносните закани од територијата на Украина, со обвинувања дека Западот го користи Киев како инструмент за притисок врз Русија.

Тој заклучи дека Русија ќе одговори на сите безбедносни закани што доаѓаат од украинска територија и повтори дека, според неговите зборови, „нема да има милост“ за оние што ги загрозуваат руските интереси.

„Сакам да кажам со сета искреност и со сета одговорност: ако она што го прават оживеаните нацисти на Запад преку Украина е она што го прават сега, нема да има милост за нив“, нагласи Лавров.

Би можело да ве интересира

Коста: ЕУ се подготвува за можни разговори со Путин

Ушаков: Киев треба да направи само еден чекор и сè ќе биде решено

Тензии пред 9 Мај: Дронови лансирани кон руската престолнина

Медведев: Русија нема да дозволи нова безбедносна закана од Европа

Крупала го обвинува Мерц дека ја турка Германија во војна: „Нема да има мир без Русија“

Зеленски: Русија не го почитува нашиот предлог за прекин на огнот