Лавров: Русија ќе му достави на Киев нацрт-договор за прекин на огнот по размената на затвореници

Од:

Руската страна ќе биде подготвена да ѝ презентира на Украина нацрт-договор за прекин на огнот штом ќе заврши размената на воени заробеници во форматот „илјада за илјада“, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Ја завршуваме подготвителната работа за составување список за размена на воени заробеници по принципот илјада за илјада“, додаде Лавров.

Лавров оцени дека на европските лидери ќе им биде тешко да избегнат одговорност за поттикнување на украинската криза, пренесува ТАСС.

„Секако, тука постои европска одговорност.“ „Мислам дека кога ќе ги разгледаме последиците од овој конфликт, ќе биде тешко да се избегне одговорноста“, рече тој.

Во исто време, шефот на руското Министерство за надворешни работи нагласи дека од јавните изјави на европските лидери е јасно дека тие имаат намера да продолжат да му обезбедуваат оружје на Киев, без оглед на предупредувањата од Москва дека е потребно да се елиминира коренот на проблемот што го предизвика конфликтот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мало дете падна од 8- ми кат: Стравична снимка кружи на мрежите

Предраг Петровиќ

Вeнс: Завршувањето на војната во Украина е потешко отколку што мислеше Трамп

Украинците сè повеќе не му веруваат на својот претседател

Путин: Русија и Белорусија ќе ги користат сите расположливи средства за да обезбедат воена безбедност

А1он

Зеленски прогласи „победа“: Ја браневме слободата и знамето

Горан Наумовски

Масовен напад во Украина, „таргети“ се Киев, Харков, Запорожје и Криви Рог