Лавров: Русија е подготвена да го продолжи примирјето во Сирија ако не дејствуваат бунтовниците

Од:

Русија потврди пред САД дека е подготвена да го продолжи „режимот на тишината“ во Алепо, ако бунтовниците, кои се опколени во источниот дел од градот, не ги активираат дејствијата, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Тој истакна дека Русија е загрижена дека и покрај добрата волја на Мосва и Дамаск бунтовниците од Џебхад Фатах ал Шам одбиваат да го напуштат градот.

Тој изрази сомневање дека Западот сака да ја заштити сириската екстремистичка група, позната по старото ине Ал Нусра фронт, бидејќи сака да ја искористи во соборувањето од власт на сирискиот претседател Башар ал Асад.

– Москва е многу загрижена поради извештаите дека Турција бомбардира делови од северна Сирија.

Лавров запрашан како ги коментира заканите на сириската Влада дека ќе собори воен авион ако го повреди нејзиниот воздушен простор, тој истакна дека Сирија е суверена држава.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски