Лавров: Решавајте ги несогласувањата преку политички и дипломатски средства

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров разговараше телефонски со својот индиски колега Субрахманјам Џајшанкар, при што повика на надминување на споровите меѓу Њу Делхи и Исламабад преку политички и дипломатски средства.

„Министрите разговараа за актуелните прашања од руско-индиската соработка, како и за ескалацијата на индиско-пакистанските односи по терористичкиот напад во градот Пахалгам. Лавров повика на решавање на несогласувањата преку политички и дипломатски средства на билатерална основа во согласност со Конвенцијата од Симла од 1972 година и Декларацијата од Лахор од 1999 година“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Министрите разговараа и за претстојните средби меѓу функционерите на двете земји на највисоко ниво.

Ситуацијата меѓу двете земји се влоши по терористичкиот напад во градот Пахалгам во индискиот регион Џаму и Кашмир на 22 април. Неколку вооружени лица отворија оган врз туристи во долината Бајсаран, популарна туристичка дестинација. 25 Индијци и еден непалски државјанин беа убиени, објави „Спутник“.

Одговорноста за нападот ја презеде групата „Фронт на отпорот“, поврзана со терористичката организација „Лашкар-е-Таиба“ (забранета во Русија).

Како одговор на нападот, Кабинетскиот комитет за безбедност, со кој претседава премиерот Нарендра Моди, одлучи да го намали бројот на вработени во амбасадите на Индија и Пакистан од 55 на 30, да го суспендира Договорот за водите на Инд и да го затвори единствениот функционален копнен граничен премин, Вага-Атари.

Би можело да ве интересира

Пожар во болница, загинаа најмалку шест пациенти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Стампедо предизвика индискиот актер и политичар, најмалку 36 мртви

Лавров и Рубио ги „пеглаат“ односите Русија-САД

Лавров: НАТО и ЕУ се во војна со Русија

(ВИДЕО) Огромна експлозија во Пакистан, најмалку 25 мртви

А1он

Исламабад и го прогласи Авганистан за „непријателска држава“