Лавров: Раселувањето на Палестинците само ќе активира темпирана бомба

Од:

Преселувањето на Палестинците од Појасот Газа во земјите од регионот, наместо да се спроведе решение за две држави, само ќе постави темпирана бомба во палестинско-израелските односи, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Прашањето за создавање палестинска држава е клучно и ако има обид да се поткопаат овие одлуки на Советот за безбедност и да се замени создавањето на палестинска држава со преселување на Палестинците низ целиот регион, тоа само ќе активира темпирана бомба, како што се случуваше постојано во текот на долгите децении на игнорирање на барањата за решение за две држави“, рече Лавров на прес-конференцијата на Катар.

Тој рече дека разговарал за руско-катарски состаноци на различни нивоа со катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани, вклучително и за планираниот состанок на меѓу владината комисија во Москва во март.

„Покрај тоа, претстојат контакти меѓу одделите за надворешна политика и постои интерес од двете страни за средби на високо ниво“, рече Лавров.

Би можело да ве интересира

Лавров: НАТО им нанесе голема штета на соседните земји

Лавров: Русија се истиснува од Нафтената индустрија на Србија и од светските енергетски пазари

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

Германскиот министер одби заедничка фотографија со Лавров, Москва реагира: „Се исплаши“