Лавров: Продолжувањето на трасата на „Турски поток“ зависи од ЕУ

Од:

Москва ќе биде подготвена за продолжување на трасата на гасоводот „Турски поток“ кон Европа, дури откако ќе добие гаранции од ЕУ дека и овој проект нема да ја доживее судбината на „Јужен поток“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за весникот „Српски телеграф“.

Лавров нагласува дека рускиот гигант „Газпром“ разгледува две можни варијанти за продолжување на „Турски поток“ кон европските потрошувачи – едната преку Бугарија и Србија, а втората преку Грција и Италија.

– Сега се разгледуваат различни можности за продолжување на гасоводот на европска територија, вклучително и по рутата Бугарија-Србија-Унгарија до гасниот чвор во австирскиот Баумгартен, вели Лавров, додавајќи дека Москва ја научила лекцијата од гасоводот „Јужен поток“ и не сака тоа да се повтори.

Проектот за изградба на гасоводот „Јужен потпк“ од Русија преку Црното Море до бугарскиот брег пропадна, кога Бугарија се повлече од него под притисок од Брисел.

„Турски поток“ исто така треба да минува низ Црното Море, но да завршува во европскиот дел на Турција. Предвидено е овој гасовод да има две линии, од кои едната за снабдување со гас на Труција, а втората за дистирбуција на енергенсот до европските поторшувачи.

Би можело да ве интересира

Трамп: Русија по грешка го гранатираше центарот на Суми, тоа е војна на Бајден

Горан Наумовски

Келог: Украина може да се подели како Берлин по Втората светска војна

А1он

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности