Претседателот на Србија Томислав Николиќ му врачи денеска на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров Орден на српско знаме од прв степен.
Лавров порача дека на тоа гледа како сведоштво и потврда за неговата посветеност и посебното внимание кон надворешно политичкиот аспект на стратешкото партнерство на двете земји.
– И гледаме како интересите на Србија и Русија само добиваат кога ние заеднички настапуваме во „меѓународната арена“’, нагласи тој.
Заблагодарувајќи се за одликувањето, Лавров наваде дека му е посебно чест што Орденот го добил од рацете на претседателот Николиќ.
– Во Москва високо го ценат вашиот личен придонес во развојот на пријателските односи меѓу нашите земји, му се обрати Лавров на Николиќ.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој се наоѓа во дводневна посета во Белград, претходно разговараше до претседателот на Србија Томислав Николиќ за актуелните теми.