Лавров оди во Ријад на разговори со Американците

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков ќе отпатуваат во Ријад на разговори со американски претставници, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков изјави за новинарите дека Лавров и Ушаков ќе отпатуваат за Ријад во понеделник.

„Во вторник се очекува тој да има средба со американските колеги во Ријад, која првенствено ќе биде посветена на обновувањето на целиот спектар на руско-американски односи“, рече Песков.

Би можело да ве интересира

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Европа договори преговарачки тим за Украина: Пет земји и институциите на ЕУ ќе разговараат со Русија и САД

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција