Лавров: Нуклеарната програма на Пјонгјанг не е причина за американски антиракетен штит на Корејскиот Полуостров

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија и Кина се согласиле оти развојот на нуклеарната програма на Северна Кореја не би требало да биде изговор за поставување на елементи на американскиот глобален систем на антиракетен штит на Корејскиот Полуостров.

Лавров ја даде изјавата на заедничката прес-конференција со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

– Москва и Пекинг исто така се за мерки кои се однесуваат на нуклеарната програма на Северна Кореја, но во исто време не го попречуваат изнаоѓањето на политичко решение во регионот, посочи Лавров.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија